Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Здружение на полициски работници „Сигурност“: Сметаме дека е време професионалец како Драган Ковачки да ја превземе службата и работата на МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dragan-kovachki

Здружението за заштита на правата на вработените во МВР „Сигурност“, во писмото кое го испрати до јавноста му дава целосна поддршка на кандидапот за технички министер за внатрешни работи, Драган Ковачки, предлог на опозициската ВМРО ДПМНЕ. ВО писмото се вели:

— реклама —

Почитувани, како вработени во МВР, целосно посветени на службата кон државата, сметаме дека е време професионалец како Драган Ковачки да ја превземе службата и работата на МВР. После подолг период неопходна е професионализација на МВР, чии структури се политизирани подолг временски период и особено изобличени со непрофесионални и нестандардни систематизации. МВР има потреба од професионалци кои ќе го спроведуваат законот. Нема министерство кое не доживува дисторзии кога во еден ден се пишуваат над 1.000 решенија за прераспределување на работните места и задачи. Ете токму тоа се случи последниот месец во Министерството за внатрешни работи. Треба да се стави крај на политизацијата на полицијата, а Ковачки е професионалец во кој веруваме. Стоп за политички решенија, да, за професионалци во МВР. МВР е комплексна структура каде редот и поредокот се најважни, пред сè дисциплината и посветеноста, пишува во соопштението на Иницијатива „Сигурност” за заштита на правата на вработените во МВР.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања