Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Здружение на преведувачи: Јазикот е дел од културниот и националниот идентитет на еден народ, по кој не смее да се посега

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
kniga-2

Во однос на негирањето на македонскиот јазик како посебен јазик кој ѝ припаѓа на јужнословенската група на јазици, Здружението на преведувачи и толкувачи во Декларација потсетува дека секој јазик, вклучувајќи го и македонскиот, е дел од културниот и националниот идентитет на еден народ, по кој не смее да се посега, не смее да се менува и прилагодува според барањата на поединци или групи заради добивање политички поени или демонстрирање моќ и сила.

Од ЗПРМ укажуваат на Универзалната декларација за човекови права која во чл. 19 пропишува слобода на мислење и изразување на секој човек. Резолуцијата на ОН A/RES/61/266 ги повикува сите земји членки на ОН, меѓу кои и Бугарија, да ги сочуваат и да ги штитат сите јазици што ги говорат народите во светот.

— реклама —

„ЗПРМ остро се спротиставува на секаков вид негирање на македонскиот јазик од страна на официјални лица од Република Бугарија кои деновиве излегуваат со ставови спротивни на меѓународните конвенции и документи коишто се однесуваат на заштитата и негувањето на јазиците. Исто така, ЗПРМ ги отфрла сите произволно изнесени и научно непоткрепени ставови кои немаат ништо заедничко со лингвистиката, славистиката и историјата“ , се вели во Декларацијата.

— реклама —

Македонските преведувачи бараат од бугарската научна јавност, предводена од бугарските преведувачи и јазични професори, да се сообразат со објективната научна реалност за класификацијата на словенските јазици.

— реклама —

– Македонскиот јазик има долга книжевна традиција која му претходи на датумот на неговото нормирање: почнувајќи од „Тријазичникот“ на Пулевски во 18. век, па „Абецедарот“ издаден од грчките власти во 1925 г. како и учебниците по македонски јазик издадени во Бугарија во доцните 40-ти години на минатиот век, кога почнува наставата на мајчин македонски јазик и според тогашниот попис, 63,7% од населението во Пиринска Македонија се изјаснуваат како Македонци – велат од Здружението.

Оттаму додаваат дека за преведувачите и толкувачите, македонскиот јазик не е само алатка со којашто работат, туку дел од битието, традицијата, идентитетот, длабоко вкоренети во делата на Миладиновци, Иљоски, Рацин, на Андреевски, Јаневски, Конески.

-Јазикот на кој зборуваме, комуницираме, твориме, јазикот на кој и од кој преведуваме и толкуваме, на кој пишуваме и раскажуваме. Македонскиот јазик е жив јазик кој се изучува и говори на сите нивоа на образование, кој се користи во истражувачката и научната област, и во нашата земја и во сите земји каде што живее македонско малцинство, како и на бројни катедри во светот каде што се изучува македонистиката. Македонскиот јазик е јазикот на кој се преведени илјадници светски дела, препеани илјадници страници поезија, а од неодамна, и јазикот кој се појавува како засебен, работен јазик и во многу меѓународни институции – велат од ЗПРМ.

ЗПРМ ги повикува државните институции, останатите професионални здруженија, сите поединци и истомисленици, пријатели на нашата земја и почитувачи на македонскиот јазик, да се огласат против овие непринципиелни притисоци, несвојствени за демократскиот свет од 21. век, на којшто му е потребен јазик на меѓусебна почит, наместо јазик на омраза, уцени и негирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања