„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Здружението „Мозочен удар“, во пограничните региони, реализира проект:„КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
73546665_2446897822031209_8118007652849549312_n

Здружението „Мозочен удар“, како  дел од проектот„КВАЛИТЕТНО ЗДРАВСТВО“, кофинансиранод ЕУ и националните фондови на земјите учеснички во програмата, активно работи на побрувањето на квалитетот и пристапноста на здравствената заштита и социјалните услуги во пограничните региони. Караванот на Здружението, одржува теренска и активности во Југозападниот регион на Република Северна Македонија,  населен со  221.651 жители, а за кои се грижат само 7 невролози, и без, ниту еден, специјализиран оддел за превенција и третман на Мозочен удар.

— реклама —

Здружението „Мозочен удар“, реализација на овој  меѓуграничен проект, ја започна во април минатата година. Во проектот ќе се третираат проблеми кои се однесуваат на прашањата поврзани со здравјето и социјалната заштита.

— реклама —

Досега се посетени четрири градови, а последната активност беше во Македонски Брод, најмалиот град во земјата, со само 3. 740 жители и само еден лекар.

Повеќе од 50 жители на градот и околните села,го посетија медицинскиот пункт,при што беа прегледани од лекарите во тимот и им беше предочен индивидуалниот ризик од мозочен удар.

Притоа, медицинскиот тим ја достигна бројката од над 150 прегледи и индивидуални консултации од почетокот на проектот.

На 10. Ноември иста активност имаше во Општина Жупа.

-Поаѓајки од фактот дека повеќе од 80 проценти од мозочните удари, може да се превенираат, со овој проект креиравме активности кои ќе не приближат до целта. А тоа е, подобрување на системот на здравствена и социјална заштита во јавниот сектор, за луѓето во прекуграничната област. Во деветте општини од регионот, се реализираат исто толку предавања, базирани на докази и статистички показатели и адаптирани за јавноста. Населението има можност за индивидуални консултации со специјалисти на терен. А дистрибуираме едукативни материјали: флаери и брошура посветени на превенцијата на мозочниот удар. На терен се реализираат превентивни прегледи, со цел откривање на модифицирачките ризик фактори за мозочен удар: крвен притисок, срцева функција, шеќер и масти во крв, вели д-р Маја Божиновска - Смичевска.

Истовремено на теренот се собираат податоци, во однос на запознаеноста на населението со ризик факторите за мозочен удар и можностите за справување со истите. Се врши, анализа на ефикасноста на начинот на едукација на населението преку спроведување на дополнителни анкети после дадено време од едукативните активности, како и анализа на ризикот за мозочен удар и застапеноста на  ризик факторите кај населението. Екипите помагаат и во набавувањето на медицинска опрема и специјализирано медицинско возило.

Главната цел, појаснуваат организаторите е да се подобри моменталната статистика на локално ниво.

Инаку, мозочниот удар е втора најчеста причина за смрт воЕвропа, фатален во една третина од случаите, најчеста причина е за инвалидитет, најмалку една половина од преживеаните од мозочен удар се перманентно онеспособени.

Мозочниот удар може да се превенира, но информираноста на јавноста за тоа како да се намали ризикот е недоволна, велат од Здружението „Мозочен удар“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања