Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Здружението на студенти по медицина бараат бесплатна вакцинација на сите студенти по медицина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
studenti-medicina

Здружението на студенти по медицина - ЗСМ ве информираме дека денес до Министерството за здравство на РСМ ја доставивме петицијата покрената од студентите по медицина. Целта на петицијата е да се сврти вниманието и слушне гласот на студентите по медицина во државата за конечно решавање на прашањето за бесплатна вакцинација на студентите против Хепатитис Б вирусот. Оваа петиција е последица на неколку писмени барања испратени до Министерството за здравство во текот на целата година, а на кои Министерството не дало никаков одговор.

Имено, како студенти по медицина секојдневно сме во контакт со различни видови инфективен материјал, присуствуваме на интервенции на пациенти чија историја е непозната. Ризикот за ова заболување е еднаков како за студентите, така и за останатите здравствени работници. Програмата за имунизација на населението јасно укажува на заложбите на владата на РСМ како и на Министерството за здравство за бесплатно вакцинирање на студентите со оваа вакцина.

— реклама —

Ваквиот ризик директно влијае и на квалитетот на наставата. Невакцинирањето на студентите по медицина кои слушаат клинички предмети е на штета на практичната настава која се одвива на медицинските факулетети во државата, поради стравот на студентите за земање активно учество.

Поради сите наведени причини бараме спроведување на бесплатна вакцинација на сите студенти по медицина, со цел да се избегне било каква можност за заболување на било кој од нас, впрочем како што е и примерот во сите држави од регионот (без исклучок) и пошироко каде студентите по медицина се целосно ослободени од ваквите трошоци.

— реклама —

Секој студент потпишан на оваа петиција е доброволно потпишан со цел искажување на желба и намера за решавање на овој проблем. Се надеваме дека Министерството за здравство конечно ќе има разбирање и ќе даде одговор на овој наш повторен обид за решавање на овој проблем.

Оваа петиција е поддржана од Европската медицинска студентска асоцијација – ЕМСА Македонија, Македонската медицинска студентска асоцијација – ММСА и Факултетското студентско собрание на Медицински факултет – Скопје.

Се надеваме дека ќе ја добиеме вашата поддршка со споделување на оваа вест за конечно решавање на прашањето за бесплатна вакцинација на студентите против Хепатитис Б вирусот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања