Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Зечевиќ за Божиќ: Симболот на раѓањето нова надеж, нека биде поттик за добри дела и нова можност за сегашните и идните генерации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија

„На почеток на новата година, во пресрет на големите празници Бадник и Божиќ да се потсетиме на значењето на добрите дела“ вели Миле Зечевиќ, генерален секретар на СДСМ.

Тој додава:

— реклама —

Да се потсетиме и на можностите кои ги носи секој нов почеток.

— реклама —

Додека споделуваме радост со своите најблиски, да помислиме на сè она што можеме да го направиме, за да бидеме подобри луѓе и заедно да имаме подобро утре.

— реклама —

Божиќ е искрата на добрите дела, симбол на раѓање нова надеж.

Така, надежта што ја носи годината пред нас нека бидат поттик, да направиме добро дело и да го искористиме моментумот на новата, историска можност.

Во годината на големи и значајни одлуки да бидеме носителите на новото поглавје во историјата на македонска држава.

Поглавје кое значи европска држава на рамноправни граѓани, во која има повеќе за сите.

Заедно, рамо до рамо со европските народи, затоа што ние припаѓаме на Европа.

Ви посакувам среќни и пријатни празнични денови, добро здравје, мир и спокој.

Нека се прелее радоста во вашите домови а историската можност нека биде нова надеж за сегашните и за идните генерации.

За многу години!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања