Зекири излезе од болница: Сите кои не веруваат во вирусот, крајно време да се освестат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
img_1357

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири е пуштен на домашно лекување и преку социјалните мрежи им се заблагодари на сите доктори од Клиниката за инфективни болести каде беше хоспитализиран со сопругата и бебето. Тој им пораа на сите кои не веруваат во вирусот, дека е време да се освестат.

— реклама —

„Од срце сакам да се заблагодарам на секој од вас што бевте со нас во најтешките времиња. Вие сте нашата втора фамилија. Посебно се заблагодарувам на докторите и медицинскиот персонал од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Најдлабока благодарност до оние кои се жртвуваат и продолжуваат тоа да го прават секој ден: доктор Илир, доктор Милена, доктор Фадил, доктор Ана од педијатрија, останатиот неуморен тим: Рејхан, Весна, Елена, Кики, Сухејла, Фисник, Изабела, Нуредин, Велимир, Снеже, Марина и многу, многу други кои 24 часа се во служба на пациентите сместени на инфективната клиника“, пишува Зекири.

„На оние кои и натаму мислат дека вирусот не постои и сѐуште имаат несериозен пристап кон Ковид-19 сакам да им порачам дека е крајно време да се освестат! Само со сериозен пристап кон алармантната ситуација низ која поминуваме како општество, со свест и совест, може да се спасат себе си, блиските и други недолжни луѓе! Искрено посакувам ниту еден од вас да не мора да помине низ тоа што го поминав јас со моето семејство. Тоа не би му го посакал ниту на мојот најголем непријател! А, на душебрижниците кои на мене и мојата фамилија ни посакуваа фатален крај ќе им пожелам Господ барем еднаш во нивниот живот да им даде да се почувствуваат како човек. Господ е голем, благодарение на него Алхамлудилах, јас и мојата фамилија сега сме живи и здрави и сме си дома - сите заедно и уште посилни од претходно!“, додава тој.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања