Зекири контра Заев: Не сум бил на ифтар, ниту пак сум имал дозвола за движење за време на полициски час

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
zekiri

Зекири преку ФБ објава го деманти Заев. Тој пишува:

— реклама —

-Заради ненамерната грешка на претседателот Зоран Заев на денешната прес-конфернција дека сум се заразил на ифтар кај брат ми, сакам само да ве информирам дека:

За целото времетраење на полицискиот час ниту сум имал дозвола за движење, ниту било кога сум прекршил некоја од мерките за забрана за движење!

— реклама —

За целото времетраење на месецот Рамазан сите ифтрски вечери ги имав дома, само со членовите на домаќинството - и без посети од никого.

Првото излегување ми беше на Бајрамскиот викенд и за празникот имав средба само со најтесното семејство. Тие лица ќе бидат допрва тестирани, така што до сега само ние сме потврдени позитивни на вирусот.

Јас самиот ја соопштив веста за заразата, со епидемиолозите е завршена цела анкета и здравствените власти си го прават своето. Со оглед на тоа има засегнати лица кои за разлика од мене не се јавни личности, ве молам за почитување на нивната приватност, објави Мухамед Зеќири на ФБ.

https://www.facebook.com/muhamed.zekiri/posts/10160245765889466

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања