Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ѝ зел 117.000 денари претставувајќи се како вработен во Катастар – скопјанка открила во полиција како била измамена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
pari

Дваесет и четиригодишна скопјанка пријавила во полиција дека била измамена за 117.000 денари од две лица, од кои едното лажно се претставило како вработено во Катастарот и ѝ ветило помош за откуп и приватизација на државно земјиште што го користело нејзиното семејство.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, измамата била пријавена на 22 октомври во 14 часот во СВР Скопје.

— реклама —

Жената пријавила дека на 21 септември се сретнала со двете лица, кои ѝ ветиле дека ќе ѝ помогнат да ја заврши постапката за земјиштето. Едниот од нив се претставил како вработен во Катастарот, по што таа во неколку наврати му исплатила вкупно 117.000 денари.

Откако ги дала парите, скопјанката се обратила во Катастарот за да провери до каде е постапката. Таму, според нејзината пријава, ѝ било кажано дека лицето на кое му ги исплатила парите повеќе од две години не е вработено во институцијата.

— реклама —

Тогаш се посомневала дека е измамена и случајот го пријавила во полиција.

— реклама —

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqldkkmn76jql5nL9MN3

Малолетничка била задржана против своја волја во автомобил до следното утро

Слајдер | пред 12 часа

— реклама —
media-librarybe7m9drimt2m1NzDS15

Ловеле во време на забрана, полицијата им пронашла пушки и месо од дивеч

Македонија | пред 1 ден

media-library22ehvslmdm22arH0l94

19-годишник ја вознемирувал девојката и се заканувал дека ќе ги објави нејзините интимни снимки

Македонија | пред 1 ден

media-libraryio9v3rupk110dzOqtNT

Четиригодишно девојче тешко повредено при пад од скали во семејна куќа во Средно Коњари

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања