Зелен хуман град: Подмолен обид на партиите за исклучување на граѓаните од политичкиот живот, ни фалат уште 500 потписи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
Screenshot-2025-08-17-at-10.13.30

Зелен Хуман Град се незадоволни од случувањата со измените на Изборниот законик во Собранието, со кои првичните прагови за собирање потписи за независни кандидатури од 1% од вкупните гласачи по општина беа прогласени за неуставни, но се врати скоро идентична бројка од 0,95%.

— реклама —

Пратениците без ДУИ вчера не ги изгласаа измените, бидејќи не беше обезбеден Бадентер и сега се чека Упатството на ДИК за на хартија да се види дали треба или не собирање потписи. Но, некои се крајно скептични и се плашат дека ќе бидат изиграни и затоа ќе продолжат со собирање потписи или регистрирање партија.

На социјалните мрежи Зелен хуман град го напишаа ставот за случувањата и што ќе значеше обезбедувањето поддршка од 0,95 проценти од гласачкото тело:

— реклама —

„Со претходниот закон за независно кандидирање требаа 4.500+ потписи за Град Скопје, а со сегашниот предлог ќе требаат 4.430 – колку што на локалните избори во 2021 г. „тежеше“ едно советничко место.

Измените на Изборниот законик се обид за лажно и привидно намалување на прагот кој е превисок дури и за држави со далеку побројно население од нашето. Ова е уште еден подмолен обид за целосно исклучување на граѓаните од политичкиот живот и обид за зацврстување на монополот на зацементираните партии кои повеќе од три децении буквално ги крадат нашето здравје, нашата среќа, нашите животи, а сега ни го крадат и правото на избор.

ЗХГ продолжува да собира потписи од сите државјани на Македонија кои сметаат дека вреди да се поддржи единствената партија формирана од долгогодишни волонтери кои ги живеат принципите на заштита на животната средина, животните и социјална правда. Продолжуваме да собираме потписи од сите кои сметаат дека мора да се стави крај на префрлањето на топката меѓу играчите кои над 3 децении покажуваат дека играат против нас, граѓаните.

Потписите може да се дадат на кој било нотар, а на нашите социјални медиуми се објавени нотарите кај кои има веќе испечатени документи за потпис. Дополнително потребно е вадење државјанство”.

Од ЗХГ велат дека им фалат ушѕе 500 потписи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања