„Зелен хуман град“ за Изборниот законик: Дали со изментите се овозможува притисок за повлекување на независните листи?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
215138078_225968676057957_5841949479216798173_n

„Зелен хуман град“ реагира на новиот обид за измени на Изборниот законик, на веќе започнат изборен процес.

— реклама —

„Вчера попладнето добивме информација дека во Собранието повторно се поднесени измени на Изборниот законик по скратена постапка. Текстот на Законот е вчера, на 15 септември 2021 г. во еден ден усвоен на Комисијата за политички систем, усвоен на Законодавно-правната комисија и усвоен на итна 52. седница на Собранието!

Овојпат праговите за потписи за независни листи не се предмет на измените, но, се предвидува можност за повлекување на кандидатските листи по нивното потврдување од ДИК.

— реклама —

Се воведува нов став во Член 67 со следното образложение: 'Се овозможува на сите партии или подносители на независни листи да можат да ги повлечат листите во рок од 48 часа од нивното потврдување во изборните органи...'

Внесувањето на ваква измена во членот 67 го прави законот контрадикторен сам на себе! Впрочем, за секоја кандидатура е неопходна писмена согласност од кандидатот, која е неотповиклива. Како тогаш може листите да бидат повлечени, кога кандидатите дале неотповикливи изјави? Со која цел е предложена ваквата измена на Изборниот законик?

Дали оваа измена решава постоечки проблем, или овозможува златни 48 часа што служат за притисок врз политичките партии и независните листи за нивно повлекување, во очи на изборите?

Воедно, со измените се предвидува овозможување на гласање со истечени лични документи. Неодговорноста на институциите поради што голем број на граѓани останаа без нови лични документи не смее да се покрива со вакви правни преседани!

Сметаме дека носење на измени на Изборниот законик на веќе започнат изборен процес го урива владеењето на правото и претставува грубо нарушување на правната сигурност. Овие „демократски практики“ за жал нè потсетуваат на владеењето на една мината власт.

Бараме измените на Изборниот законик да бидат итно повлечени, а истите низ јавна и транспарентна расправа да бидат поднесени по завршувањето на изборниот процес. Го повикуваме претседателот Стево Пендаровски да НЕ го потпишува законот! Го повикуваме да НЕ дозволи погребување на правниот поредок во Македонија!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања