Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„Зелен хумн град“: Добиена граѓанска битка против градежната мафија во Скопје, поништен планот за Влае

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Советот на Град Скопје ја усвои предлог-одлуката што „Зелен хуман град“ ја поднесе на барање на „Борба за Влае“, со која се поништува Регулацискиот план за СЗ 19!

— реклама —

dobivaj vesti na viber

Расправата која, како што велат од „Зелен хуман град“, течеше по предлог-одлуката е доказ дека граѓаните мора да се самоорганизираат и да станат дел од локалните совети за да се осигураат дека ќе се носат одлуки со кои ќе се заштити јавниот интерес.

— реклама —

„Сите знаеме со која брзина се дигаат облакодери, а колку е бавна правдата за обичниот човек. Со оваа предлог-одлука му даваме моќ и надеж на секој граѓанин дека има претставници во локалните совети кои стојат рамо ро рамо со нив, а не наспроти нив“ изјави Горјан Јовановски од „Зелен хуман град“.

— реклама —

Една советничка група иако им вети поддршка на „Борба за Влае“, секако дека ги извиси во последен момент, како што им е практика. Ние не очекувавме ништо различно од политичка партија која и го донесе овој крајно нехуман план не обѕрнувајќи се ни тогаш ни сега на аргументите зошто планот никогаш не ни смееше да биде донесен таков каков што е – во корист на градежната мафија!

На сите ни е доста од политичари што немаат проблем да ги виткаат сите закони кога треба со брзина на светлината да се фрла бетон и асфалт за лични интереси, а кога треба да ги заштитат здравјето и животите на нашите сограѓани безочно манипулираат и банализираат! Благодарност до сите советници кои ја поддржаа предлог-одлуката и заедно со граѓаните застанаа на патот на градежната мафија!

— реклама —

Со тесно, ама доволно мнозинство од 23 гласа (неофицијално 25), на фото се прикажани советниците кои гласаа ЗА поништување на штетниот Регулациски план за СЗ 19, а тоа се двајцата советници на „Зелен хуман град“, советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, еден член на Алијанса/Алтернатива, советничката група на Левица и двајцата советници од ЛДП/ДОМ.

Преполовената советничка група на СДСМ и коалицијата гласаше воздржана, како и двајцата советници кои излегоа од коалицијата на ВМРО, а целата советничка група на ДУИ не ни беше во салата“ соопштија од „Зелен хуман град“.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања