Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Зеленски ги откри деталите за жестокиот руски напад среде ноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
zelenski

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска на својот Фејсбук профил објави дека синоќа руските сили ја нападнале Украина со повеќе од 60 беспилотни летала Шахед и речиси 90 проектили од различен тип.

— реклама —

„Во текот на ноќта имаше повеќе од 60 напади од дронови Шахед и 90 проектили од различен тип. Светот јасно ги гледа целите на руските терористи: електрани и мрежа за снабдување со електрична енергија, хидроцентрали, обични станбени згради, дури и тролејбуси. Русија се бори против животот на обичните луѓе“, напиша Зеленски и додаде дека надлежните служби веќе работат во сите градови кои биле цел на нападите, пренесува Укринформ.

— реклама —

Зеленски рече дека никој нема да остане без помош, а во тек е воспоставување на снабдување со електрична енергија.

„Харков, Запорожје, Суми, Полтава, Днепропетровск, Одеса, Хмелницки, Виница, Франковска област, насекаде се во тек на активностите на надлежните служби. Руските ракети не доцнат како пакети помош за нашата земја. Шахеди не е неодлучен, како некои политичари“, рече Зеленски.

— реклама —

Министерот за внатрешни работи на Украина, Игор Клименко, денеска на својот канал Телеграм објави дека во рускиот напад на Хмелницки загинале две лица, а најмалку осум се повредени.

— реклама —

Според командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешчук, украинските воздухопловни сили уништиле 55 руски дронови Шахед и 37 проектили.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-librarye2o9aatduh3s3vjBW0s

Зеленски очекува средба за Украина пред Божиќ: „Се надеваме дека ќе се одржи и порано“

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски потврди: Украина го потопи рускиот воен брод во Либија

Свет | пред 13 часа

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Зеленски бара од Вашингтон да ја одобри испораката на веќе платените ракети „Патриот“

Свет | пред 1 ден

media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски предложи уште 10 хуманитарни евакуации од окупираните подрачја во Украина

Свет | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања