Промени тема
Контакт

Зеленски го објави планот за иднината на Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.17

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, по повод Денот на украинската државност, порача дека крајната цел на Киев не е само слабеење на Русија, туку траен мир, безбедна Украина и целосна интеграција во Европската Унија.

„Нашата главна цел не е Русија без бензин, туку Украина без Русија, Украина без војна, Украина со Европа и Европа без заканата од Москва“, изјави Зеленски.

— реклама —

Тој истакна дека илјадагодишната историја на Украина ја потврдува нејзината решеност да остане слободна и независна, нагласувајќи дека земјата не ја чува само својата историја, туку ја гради и својата иднина како силна и независна држава.

— реклама —

Зеленски најави и нови проекти во одбранбениот сектор, посочувајќи дека Украина и европските партнери го започнале проектот FREYJA за развој на заеднички европски противбалистички ракетен штит.

Тој додаде дека Украина е блиску да стане третата земја овластена за производство на ракети за американскиот противвоздушен систем „Патриот“, притоа заблагодарувајќи му се на американскиот претседател Доналд Трамп за, како што рече, „историската политичка одлука“.

— реклама —

Украинскиот претседател истакна и дека домашното оружје сега може да погодува цели оддалечени речиси 2.900 километри, нагласувајќи дека украинските сили ги таргетираат изворите што ја финансираат руската воена машинерија, а не цивилната инфраструктура.

— реклама —

Осврнувајќи се на европската интеграција, Зеленски рече дека отворањето на пристапните преговори е доказ дека „Украина и Европа се едно“.

За време на свеченоста, тој ѝ го врачи на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, првиот Орден на Европа, ново украинско државно одликување што им се доделува на личности кои придонесуваат за европската иднина на Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryct492hg3j5qs9mr9QcJ

(Видео) Руски дрон удри во мост во Киев додека по него се движеа автомобили

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц пристигна во Киев со шефови на германски одбранбени компании: Носи пакет од 1,35 милијарди евра

Свет | пред 5 часа

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски најави засилени напади врз руските рафинерии: „Тие ја напаѓаат нашата енергија, ние ќе ја напаѓаме нивната“

Свет | пред 6 часа

media-library9m36apo5qtbbfz791QY

(Видео) Русија погоди уште еден клучен мост во Киев, Кличко: „Ситуацијата е многу драматична“

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања