Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Ирска е со Украина уште од почетокот на руската инвазија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS
screenshot youtube

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Даблин ѝ се заблагодари на Ирска за поддршката што ѝ ја дава на Украина од почетокот на руската инвазија, а воедно упати и апел за забрзување на процесот на пристапување на земјата во Европската Унија.

— реклама —

Обраќајќи се на свеченото отворање на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, Зеленски предупреди дека во Европа сè уште постојат компании кои, како што рече, се во сопственост или под ефективна контрола на Русија и на санкционирани руски олигарси.

— реклама —

„За жал, во Европа има компании чија единствена цел е да работат за Русија. Тие и понатаму го снабдуваат агресорот со клучни материјали, дури и сега“, изјави Зеленски.

Тој директно му се обрати на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, барајќи побрзо отворање на нови преговарачки кластери за членство на Украина во Европската Унија.

— реклама —

„Можеме да отвориме уште пет кластери, Антонио. Што мислиш?“, рече Зеленски, на што Кошта од публиката низ насмевка одговори: „Можеби“.

— реклама —

Претходно во текот на денот, Зеленски пристигна во Ирска, каде што на аеродромот го пречека заменик-премиерот и министер за финансии Сајмон Харис. Ирска во следните шест месеци ќе претседава со Советот на Европската Унија, а меѓу приоритетите ги истакна конкурентноста, вредностите и безбедноста.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykr49dgi46sb92zWpqdy

Поранешен соработник на украински премиер тешко повреден во експлозија на автомобил во Москва

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryh2aohabuoto18k0oXtb

Руските компании ги преместуваат податоците во странство по украинските напади врз центрите за податоци

Свет | пред 2 дена

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 5 дена

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања