Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски најави извоз на украинско оружје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украина се подготвува за извоз на оружје, откако домашната индустрија достигна ниво на производство што ги надминува потребите на вооружените сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.

— реклама —

Во своето обраќање, Зеленски посочи дека во одредени сегменти на одбранбената индустрија постои вишок капацитет и до 50 проценти, што отвора можност дел од производството да се насочи кон странски пазари. Тој нагласи дека приоритет секогаш ќе има украинската армија, која ќе ги добие сите потребни ресурси, додека остатокот ќе биде наменет за извоз.

— реклама —

Според него, Киев веќе воспоставува соработка со партнери од Блискиот Исток, Европа и Кавказ, во рамките на специјален формат познат како „договори за дронови“, кој предвидува развој и размена на технологии во оваа област.

Зеленски додаде дека постои и предлог за соработка со Соединетите Американски Држави, кој би можел да опфати извоз на беспилотни летала, одбранбени системи и друга воена опрема. Овој чекор, како што истакна, треба да придонесе за зајакнување на економската состојба на земјата.

— реклама —

Тој нагласи дека условите за вакви договори мора да бидат во интерес на Украина, со јасен механизам за контрола и со гаранција дека приходите ќе се вложуваат во одбраната на државата.

— реклама —

Украина значително го зголеми производството на оружје по почетокот на руската инвазија, при што одбранбената индустрија стана клучен сегмент од економијата и националната безбедност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања