Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Подготвен сум да се повлечам по завршувањето на војната со Русија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
a988a7fd-4c8e-42e2-b661-094ba2cc736b

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ќе биде подготвен да се повлече од функцијата откако ќе заврши војната со Русија.

— реклама —

„Ако ja завршиме војната со Русите, да, подготвен сум да не одам на избори, затоа што изборите не ми се цел. Мојата цел е да заврши војната“, рече Зеленски во видео-интервју за веб-страницата Axios.

Тој додаде дека ќе побара од украинскиот парламент да организира избори доколку се постигне примирје.

— реклама —

Претседателските избори во Украина требаше да се одржат во 2024 година, но беа одложени поради воената состојба воведена со почетокот на целосната руска инвазија во февруари 2022 година. И покрај тоа, Зеленски и по повеќе од три и пол години војна ужива високо ниво доверба – според анкетата на Киевскиот меѓународен институт за социологија, околу 59% од Украинците имаат доверба во него.

— реклама —

Во текот на неделата Зеленски престојуваше во САД, каде што учествуваше на Генералното собрание на Обединетите нации и се сретна со американскиот претседател Доналд Трамп. Тој нагласи дека Киев бара ново оружје со долг дострел од Вашингтон.

Зеленски во интервјуто порача дека руските функционери треба да знаат каде е најблиското засолниште, доколку Москва одбие да стави крај на војната. На ова реагираше поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, предупредувајќи дека „Русија може да користи оружје против кое ни засолниште не би помогнало“.

— реклама —

Војната продолжува со редовни руски напади врз Украина со беспилотни летала и проектили, додека Киев возвраќа со дронови со долг дострел, насочени кон воени цели и енергетска инфраструктура.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања