Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Зеленски: Помала поддршка поради Иран значи помалку противвоздушна одбрана за Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 23 часа -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да се продолжи, што би можело да доведе до тоа партнерите на Киев да посветуваат помалку внимание на Украина и да ја намалат испораката на системи за противвоздушна одбрана. Тој го изјави ова денеска на прес-конференција со премиерот на Холандија, Роб Јетен, во Киев, јавува Ukrainska Pravda.

— реклама —

„Се надевам дека војната на Блискиот Исток нема долго да трае, не само затоа што се грижам за Украина, туку и затоа што секој загубен или уништен човечки живот е трагедија. Во меѓувреме, не гледаме напредок во мировните преговори. Ако трајниот мир или прекинот на огнот не се договори во првите денови на конфликтот, постои голем ризик од негово продолжување“, рече Зеленски.

„Тоа дефинитивно ќе влијае на ситуацијата во Украина. Помал фокус значи помала поддршка. Помала поддршка значи помалку противвоздушна одбрана“, додаде тој.

— реклама —

Зеленски исто така изјави дека Русија ѝ помага на иранската власт. „Русија ѝ пружа помош на иранскиот режим. Знаеме што е досега испорачано, иако точниот обем на таа помош не е целосно познат. Добра работа е што изгледа иранскиот режим не е во состојба да ѝ обезбеди на Русија ракети и друго оружје кое се користи во нападите врз Украина“, рече тој.

Украинскиот претседател најави и дека експерти за пресретнување дронови следната недела ќе заминат на Блискиот Исток.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања