Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Зеленски пред ОН: „Путин нема да успее“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пред Генералното собрание на Обединетите нации порача дека рускиот претседател Владимир Путин нема да ги оствари своите цели во Украина и ги повика светските лидери дополнително да ги ограничат руските приходи, трговијата и можноста за продолжување на војната.

„Путин нема да успее“, рече Зеленски, посочувајќи дека Русија со години се обидува да го освои целиот источен дел од Украина, но не успеала во тоа. Тој додаде дека Русија веќе располага со огромна територија и дека „не ѝ припаѓа ниту еден километар од Украина“.

Во еден од најострите делови од говорот, Зеленски го нарече Путин „нултиот пациент“, тврдејќи дека од него се шират војната и нестабилноста. Тој ги повика државите во светот да го ограничат просторот за дејствување на Русија и приходите со кои се финансира војната.

— реклама —

„Секогаш кога некој ѝ дава пари на Русија преку трговијата, на оваа војна ѝ купува уште време“, рече Зеленски.

Зеленски говореше и за руските напади врз Украина. Според неговите наводи, од почетокот на годината Русија кон Украина истрелала повеќе од два милиона различни проектили и употребила повеќе од 63.000 напаѓачки беспилотни летала.

„Сè уште предизвикуваат штета, но не нè скршија“, рече украинскиот претседател.

— реклама —

Тој истакна дека Украина ја развива сопствената индустрија за беспилотни летала и дека има способност да гаѓа воени и енергетски цели длабоко на територијата на Русија.

Говорејќи за руските загуби, Зеленски тврдеше дека Русија само годинава изгубила 248.000 војници, при што станува збор за украинска проценка која не може независно да се потврди.

Дел од говорот Зеленски посвети и на учеството на Северна Кореја во војната. Тој праша зошто севернокорејски војници би требало да гинат во војната против Украина и тврдеше дека режимот на Ким Џонг-ун ги испраќа во замена за руска воена технологија и помош во развојот на балистичката програма.

Зеленски повика и на посилни санкции против Русија, ограничување на нејзината трговија и намалување на приходите од енергентите.

— реклама —

„Ограничете му го просторот за маневрирање, ограничете му ги парите, ограничете му ја војната“, порача тој.

Украинскиот претседател се осврна и на разговорот со американскиот претседател Доналд Трамп во Њујорк. Тој рече дека Украина е подготвена за договор за прекин на нападите врз енергетската инфраструктура доколку Русија се согласи на реципрочни мерки.

Зеленски повтори и дека е подготвен лично да разговара со Путин во рамките на трилатерална средба со Трамп, доколку се создадат услови за таква средба.

Тој порача дека Украина е подготвена и за поморско примирје во Црното Море, наведувајќи дека Египет, Индија и Турција предложиле модели со кои би се овозможила безбедна пловидба на трговските бродови.

„Го чекаме одговорот на Русија“, рече Зеленски.

На крајот од говорот пред Генералното собрание на ОН, украинскиот претседател порача: „Слава на Украина“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypm7e8e79vmhaeDTB9WM

Украинците ги покривале телата на убиените руски војници со гранки за да ги измамат дроновите – детали за тајната операција „Вивалди“

Свет | пред 4 часа

— реклама —
kisev

(Видео) Русија го нападнала Киев со балистички ракети и дронови, загинал еден човек, над 20 се повредени

Свет | пред 1 ден

media-libraryokshf7tuq6i78WBkMC6

(Видео) Украинските сили поминале 15 километри низ гасовод и се појавиле зад руските позиции

Свет | пред 1 ден

media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

(Фото) Зеленски бара помош по рускиот напад во кој загинаа две девојчиња

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања