Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски предложи средба во Костјантиновка, Кремљ ја одби идејата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Русија предложи привремен прекин на огнот во Костјантиновка, град на фронтската линија во источна Украина, со цел да се овозможи преземање на телата на загинатите украински војници.

— реклама —

Според руското Министерство за одбрана, прекинот на борбените дејства е предложен за 6 јули, во периодот од 12 до 18 часот по московско време. Од Москва побараа Украина да се изјасни за предлогот најдоцна до 5 јули напладне.

— реклама —

Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски, доколку сака разговори со рускиот претседател Владимир Путин, треба да отпатува во Москва, отфрлајќи ја можноста средбата да се одржи во Костјантиновка.

Предлогот за примирје доаѓа по спротивставените информации од руските власти за состојбата во градот. Додека дел од руските претставници тврдеа дека Костјантиновка е целосно под руска контрола, руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека борбите таму сè уште продолжуваат.

— реклама —

Од украинска страна ги отфрлија руските тврдења. Зеленски оцени дека станува збор за „уште една руска лага“, а украинскиот Генералштаб соопшти дека градот останува под украинска контрола, иако борбите се интензивни.

— реклама —

Костјантиновка, заедно со Славјанск и Краматорск, претставува еден од најважните одбранбени центри на Украина во Доњецката област.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 21 час

— реклама —
media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 23 часа

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 1 ден

media-libraryifpnao49nnk01mp7BkC

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз хуманитарен пункт во Украина се искачи на 53

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања