Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Путин ја загуби иницијативата на фронтот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
zelenski-putin

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја загубил иницијативата во војната, оценувајќи дека развојот на украинската воена технологија значително ја променил состојбата на бојното поле.

— реклама —

Во интервју за „Фокс њуз“, Зеленски посочи дека Украина од почетокот на војната изградила силен воено-технолошки сектор со околу 500 компании кои развиваат современи технологии, особено во областа на беспилотните летала.

„Мораме да бидеме побрзи од Путин. Тој има повеќе луѓе, а ние мораме да ги заштитиме нашите граѓани и затоа се потпираме на технологијата“, изјави Зеленски.

— реклама —

Тој додаде дека Украина покажала способност да изведува напади длабоко на руска територија, како и врз воени цели на Крим, оценувајќи дека токму поради тоа иницијативата на фронтот преминала на украинска страна.

— реклама —

Зеленски тврдеше и дека Русија месечно губи околу 30.000 војници, но дека и покрај тоа Путин не покажува подготвеност за завршување на војната.

Осврнувајќи се на можноста за мировни преговори, украинскиот претседател рече дека Киев секојдневно повикува на прекин на огнот за да се создадат услови за дипломатски разговори, но, според него, Москва не е заинтересирана за таков процес.

— реклама —

Тој потврди и дека на средбата во Белата куќа со американскиот претседател Доналд Трамп разговарал за проширување на одбранбената соработка, при што, како што наведе, Трамп се согласил Украина да добие лиценци за домашно производство на американските ракетни системи „Патриот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 6 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања