Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Путин ќе остане во Кремљ до крајот на животот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS
screenshot youtube

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека вооружените сили на Украина денес претставуваат практично „втора најсилна армија во НАТО“, иако земјата сè уште не е членка на Алијансата.

— реклама —

Во изјава за новинарите, пренесена од украинските медиуми, Зеленски нагласи дека Украина е важен партнер за НАТО и дека тоа, според него, го препознаваат лидерите на земјите-членки на Алијансата.

— реклама —

„На НАТО му е потребна Украина“, порача украинскиот претседател, додавајќи дека украинската армија во текот на војната покажала дека може успешно да им се спротивстави на руските вооружени сили, кои често се сметаат за едни од најмоќните во светот.

Украина сè уште не е членка на НАТО, а спречувањето на нејзиното приклучување кон западниот воен сојуз останува една од главните цели што Москва ги наведува од почетокот на конфликтот.

— реклама —

Зеленски се осврна и на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи дека тој ќе остане на власт во Кремљ до крајот на својот живот и дека има амбиции за обновување на поранешниот Советски Сојуз, кој се распадна во 1991 година.

— реклама —

Според украинскиот претседател, без Украина таквата цел е невозможна, поради што, како што рече, неговата земја се наоѓа во центарот на долготрајниот конфликт со Русија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 8 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 14 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 16 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања