Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Путин подготвува нова мобилизација и проширување на војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
zelenski-putin

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се подготвува за дополнителна мобилизација во Русија и за проширување на војната, повикувајќи на засилен меѓународен притисок врз Москва.

— реклама —

Изјавата ја даде на заедничката прес-конференција со ирскиот премиер Мајкл Мартин, кој денеска престојува во официјална посета на Киев.

— реклама —

„Разговаравме за заканите и реалните предизвици што нè очекуваат пред есента, кога Путин, според нашите информации, подготвува нови напади врз Украина, дополнителна мобилизација во Русија и проширување на војната“, рече Зеленски.

Тој го поздрави усвојувањето на 21. пакет санкции на Европската Унија против Русија и изјави дека ирскиот премиер го уверил оти ќе се залага и за подготовка на 22. пакет санкции. Зеленски додаде дека Украина ќе работи и со партнерите надвор од Европската Унија за усогласување на нивните санкциски режими со европските мерки.

— реклама —

Украинскиот претседател нагласи дека руските напади не престанале ниту еден ден од почетокот на целосната руска инвазија и дека и понатаму се цел на напади украинските градови и населени места.

— реклама —

Воедно, Зеленски му се заблагодари на ирскиот премиер за поддршката што Ирска ѝ ја дава на Украина, истакнувајќи дека посетата на Мартин на Киев претставува силен знак на солидарност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Зеленски: И јас можам да му нацртам мапа на Путин, на која целосно ја окупирам Русија

Свет | пред 19 часа

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 4 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања