Зеленски рече дека Западот ветил дека ќе испорача уште две милијарди долари воена помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2022-03-24-at-08.08.56

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека последната од серијата состаноци со западните сојузници во Германија резултирала со ветувања за дополнителни две милијарди долари воена помош во војната против Русија.

— реклама —

Зборувајќи за ТВ каналот Моја Украина по состанокот во четвртокот, Зеленски даде неколку детали за помошта, велејќи дека 34 земји ветиле поддршка во различни аспекти.

Тој го оцени состанокот како „многу добар“, истакнувајќи дека на него биле ветени дополнителни пакети за поддршка на Украина во вредност од две милијарди долари, кои вклучуваат противвоздушна одбрана, информатичка технологија, технологија за деминирање, а поддршката важи и за поморските и воздушните сили и артилерија.

— реклама —

„И сето тоа ќе ја зајакне Украина“, рече Зеленски, без да открие за кои земји зборува.

Зеленски вчера беше на средба со сојузниците во американската воена база во Рамштајн, Германија, на која беше спомената висината на помошта вредна околу половина милијарда долари. После тоа, украинскиот лидер во Рим се сретна со италијанскиот премиер Џорџо Мелони, со кого разговараше за подобрување на украинската противвоздушна одбрана и напорите за формирање на единствен став со цел да се придвижи кон решавање на војната.

Инаку, потсетува Ројтерс, американскиот државен секретар Антони Блинкен претходно изјави дека Вашингтон ќе и даде на Украина дополнителна воена помош од 500 милиони долари, вклучувајќи ракети за противвоздушна одбрана, муниција воздух-земја и опрема за поддршка на борбени авиони Ф-16.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања