Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Русија му помогнала на Иран

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-library54ga6e29pir3diXi9yC

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека Русија му помогнала на Иран да ги унапреди дроновите „Шахед“, кои денес претставуваат закана за земјите на Блискиот Исток.

— реклама —

Во интервју за „Jерусалем пост“, што го пренесува Украинформ, Зеленски наведе дека овие дронови значително напредувале во однос на почетните верзии користени на почетокот на војната во Украина.

— реклама —

Тој изјави дека Иран, и покрај претходните негирања, испорачал дронови на Русија, ги обучил руските сили за нивна употреба и споделил технологија и лиценци за производство.

Според него, Русија сега возвраќа со обезбедување унапредени верзии и техничко знаење за Иран.

— реклама —

„Ова е огромна количина знаење од бојното поле. Тоа се нови технологии засновани на иранските развои и сето тоа ќе има влијание врз други региони. Секогаш сум зборувал за Африка, Блискиот Исток и Европа“, додаде украинскиот лидер.

Зеленски предупреди дека заканата од дронови се проширила надвор од Украина и сега ги погодува Израел, земјите од Персискиот Залив и американските сили во регионот, оценувајќи дека искуствата од бојното поле доведуваат до развој на нови технологии што влијаат врз повеќе региони во светот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

1648455410-2022-03-27T184044Z_1864456165_RC21BT9IRDT3_RTRMADP_3_UKRAINE-CRISIS-ZELENSKIY-RUSSIA-MEDIA-750x500-1-1

Зеленски ѝ честиташе на Србија за изборниот исход: „Нека се остварат сите добри надежи на граѓаните на Србија“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Зеленски: Нема да дозволиме Путин да победи, но одлуките на Трамп му носат пари за војната

Свет | пред 3 дена

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски најави можни мировни разговори меѓу Украина, Русија и САД во Абу Даби

Свет | пред 4 дена

Screenshot-2025-08-18-at-19.50.56

„Сè ќе заврши многу лошо“ – Трамп со предупредување до Зеленски ако не сака да ја заврши војната

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања