Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Русија одби разговори за запирање на нападите, Путин сака да продолжи со војната

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 25 минути -

Свет
zelenski-putin

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руската делегација на разговорите во Абу Даби одбила да разговара за намалување на тензиите во Црното Море и запирање на нападите врз украинската енергетска инфраструктура. Според него, украинската делегација добила информации дека рускиот претседател Владимир Путин е лут и сака да продолжи со нападите.

— реклама —

Зеленски повтори дека Украина никогаш нема да ја признае руската окупација на своите територии, без оглед на одлуките што би можеле да ги донесат САД. Тој го оцени како „малку чуден“ пристапот на Вашингтон, кој со Москва разговара за воспоставување нов безбедносен поредок.

— реклама —

На Самитот на Европската политичка заедница во Даблин, украинскиот претседател порача дека неговата земја не може да прифати повлекување од Донбас како услов за завршување на војната. Според него, американската страна често го отвора ова прашање, но станува збор за територија од суштинско значење за независноста на Украина.

Зеленски го обвини Путин дека има намера да го уништи животот во украинските градови, меѓу кои Киев, Днипро, Харков, Запорожје, Одеса и Херсон. Тој рече дека Украина подготвила планови за зајакнување на нивната отпорност, но дека ѝ е потребна дополнителна меѓународна поддршка.

— реклама —

Осврнувајќи се на разговорите меѓу американската и руската делегација во Москва, Зеленски ги оцени како сериозни и посочи дека биле опфатени повеќе важни прашања, меѓу кои размена на воени заробеници и безбедносни гаранции.

— реклама —

Тој најави средба во Даблин со специјалните пратеници на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, кои претходно разговарале со Путин во Москва. Зеленски истакна дека враќањето на украинските војници од руско заробеништво е еден од најважните приоритети, а европските земји треба посебно да обрнат внимание на безбедносните гаранции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Зеленски: И јас можам да му нацртам мапа на Путин, на која целосно ја окупирам Русија

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 5 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања