Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски сè уште нема одлука за новиот министер за одбрана

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-libraryq8kd7cf4684mfd6mYkY

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека сè уште не донел конечна одлука кого ќе предложи за нов министер за одбрана, по смената на Михаило Федоров, која предизвика протести во Киев и Лавов.

— реклама —

Зеленски рече дека актуелниот министер за внатрешни работи Игор Клименко е еден од кандидатите што се разгледуваат, но нагласи дека одлуката сè уште не е донесена и дека до парламентот не е доставен официјален предлог.

— реклама —

Во меѓувреме, Врховната рада денеска го избра Сергеј Корецки за нов премиер на Украина со 289 гласа „за“. Тој ја наследува Јулија Свириденко, чија оставка беше прифатена на 14 јули, што автоматски доведе до оставка на целата влада.

Корецки е четвртиот премиер за време на мандатот на Зеленски. Пред неговото именување, тој пред пратениците од владејачката партија „Слуга на народот“ ги претстави приоритетите на идната влада.

— реклама —

Во Киев и Лавов денеска се одржаа протести на кои неколку стотици граѓани побараа Михаило Федоров да остане министер за одбрана. Според организаторите, во Киев протестирале повеќе од 1.400 луѓе, додека во Лавов се собрале околу 400 демонстранти.

— реклама —

Федоров претходно изјави дека за време на својот мандат го унапредил системот за јавни набавки, го зголемил бројот на беспилотни летала и вовел технолошки промени во украинската армија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 2 дена

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 2 дена

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања