Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски: Секој компромис со Русија мора да биде потврден со избори или референдум

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска нагласи дека каков било компромис меѓу Украина и Русија за контролата врз источните региони мора да биде „праведен“ и потврден на „избори“ или „референдум“.

— реклама —

„Верувам дека на тоа прашање ќе одговори украинскиот народ. Било преку избори или референдум, тоа мора да биде став што произлегува од украинскиот народ“, изјави Зеленски на новинарско прашање околу можноста за постигнување договор со Москва.

— реклама —

Американски предлог: Повлекување од Доњецк и демилитаризирана зона

Украинскиот претседател потврди дека Соединетите Американски Држави на Киев му предложиле повлекување од деловите што сè уште ги контролира во регионот Доњецк и создавање „слободна економска“ и демилитаризирана зона на тоа место, без присуство на руски сили.

— реклама —

Зеленски изјави дека американската страна сè уште „не знае“ кој би управувал со таа демилитаризирана зона.

— реклама —

Тој додаде дека Вашингтон предлага повлекување на руската војска од украинските региони Суми, Харкив и Дњепропетровск, но и нивно останување во регионите Херсон и Запорожје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 16 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања