Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Зеленски во сабота ќе оди во Турција, каде што ќе разговара со Ердоган за војната во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Свет
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во сабота ќе ја посети Турција, каде што во Истанбул ќе разговара со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за војната со Русија и безбедносната состојба во Црното Море, соопшти турското претседателство.

— реклама —

Како што објави директорот за комуникации на турското претседателство, Бурханетин Дуран, разговорите ќе бидат насочени кон унапредување на билатералната соработка меѓу Турција и Украина, но и кон регионалните и меѓународните случувања, вклучително и руско-украинскиот конфликт.

— реклама —

Посетата следува по телефонскиот разговор меѓу Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп во средата. Тогаш турскиот претседател истакнал дека Турција е подготвена да ги поддржи напорите за обновување на преговорите меѓу Украина и Русија со цел завршување на војната.

— реклама —

Турција претходно им доставила на Киев и Москва меморандум за разбирање со цел запирање на нападите врз трговските бродови во Црното Море. Документот бил подготвен врз основа на договорот за жито од јули 2022 година, постигнат со посредство на Турција и Обединетите нации, кој бил во сила само една година.

— реклама —

Анкара, која одржува блиски односи и со Москва и со Киев, редовно нуди да биде домаќин на евентуални мировни преговори меѓу двете земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryotp04iork40b92aI4vG

Зеленски бара од Вашингтон да ја одобри испораката на веќе платените ракети „Патриот“

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-library2h6ls2otr4ub4w7WSdS

Зеленски предложи уште 10 хуманитарни евакуации од окупираните подрачја во Украина

Свет | пред 4 дена

media-libraryn0at4km4a84jamHzvVd

Зеленски најави учество на пет европски земји во преговорите со Русија, Москва веднаш демантираше

Свет | пред 5 дена

media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Зеленски: Ограничувањата на „Старлинк“ ги спречуваат украинските дронови да пресретнуваат руски „Шахеди“

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања