„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Железничката инфраструктура ќе се обновува

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
voz

На седница на Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Предлогот на Националната програма за железничка инфраструктура за период од 2019 до 2021 година, и донесе одлука согласно член 26 став 2 од Законот за железничкиот систем да се достави до Собранието на Република Македонија на донесување.

— реклама —

Во Националната програма за железничката инфраструктура за период од 2019 до 2021 година опфатени се проекти кои се однесуваат на изградбата на Коридорот 8, делот накај Република Бугарија, односно во овој период се планира да завршат градежните активности на делницата од Куманово до Бељаковце, да започне градбата на делницата од Бељаковце до Крива Паланка, како и активностите за реализација на работите на делницата од Крива Паланка до Деве Баир, граница со Република Бугарија. Во овој период, се планира да се изработи и пред-физибилити студија за железничката делница од Скопје до Кичево, а во однос на Коридорот 10 се планира да се комплетира ремонтот и на последната делница од Ногавци до Неготино и да се подготви документација на инсталирање на Европскиот систем за контрола на возовите ниво 1 (ETCS –level 1) и подобрување на сигнализацијата на целата мрежа во Република Македонија и инсталирање на глобален систем за мобилна комуникација во железница (GSM-R), како и да се изврши набавка и инсталација на сигнализација за патни премини по должина на Коридор 10, Коридор 10 д и Коридор 8.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања