Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Земјава го презема претседавањето со ЦЕФТА, презентација на приоритетите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
CEFTA

Република Северна Македонија годинава ќе претседава со Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА). Денеска амбасадорот на Европската Унија Дејвид Гир и министерот за економија Крешник Бектеши, ќе ги презентираат приоритетите за 2021 година за ЦЕФТА под претседателство на земјава.

— реклама —

Преземањето на водството во спроведување на приоритетните активности се планира да се изврши преку спроведување на Акцискиот план на Заедничкиот регионален пазар (ЗРП) 2021-2024, усвоен за време на Самитот во Софија во ноември 2020 година и поддржан од Европската комисија.

Клучните цели на претседателството на Северна Македонија се поддршка на економското закрепнување по кризата со КОВИД-19, привлекување на инвестиции и зголемена трговија во регионот и подобар просперитет на граѓаните во Западен Балкан. Ова ќе се постигне преку олеснување на трговијата со стоки и услуги и создавање на регион без мерки и пречки што ја попречуваат трговијата.

— реклама —

Овој процес се надоврзува на регионалната економска област иницирана во рамките на Берлинскиот процес и е составен дел од Економскиот инвестициски план (ЕИП) на Европската Унија за Западен Балкан. ЕИП става силен акцент на градење на заеднички регионален пазар како начин за зголемување на конкурентноста на Западен Балкан. Заедничкиот регионален пазар претставува чекор поблиску до потесното интегрирање на Западен Балкан со единствениот пазар на Европската Унија уште пред формалното пристапување.

Извор/фото:Агенции

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања