Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Земјава отвора врата за трговија со дијаманти- собраниската дебата, во рамки на комисијата за европски прашања

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
dijamanti

Денеска започнува собраниската дебата за либерализацијата на трговијата со дијаманти во Македонија во рамки на комисијата за европски прашања. Ќе се расправа за Предлог-закон за контрола на надворешно трговскиот промет со необработени скапоцени камења. Станува збор за закон кој е дел од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и е со европско знаменце, а го предложува Владата преку министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот заменик Кире Наумов.

Со овој закон се yредуваат условите под кои може да се врши увоз, извоз и транзит на необработени дијаманти во Македонија, надлежностите на државните органи во контролата на увозот, извозот и транзитот, сертифицирање на необработените дијаманти во т.н процес Кимберли.

— реклама —

Процесот Кимберли“ претставува меѓународна шема за сертифицирање со која се  регулира трговијата со необработени дијаманти. Воспоставена е во заедничка соработка со држави, невладини организации и претставници од индустријата со дијаманти заради спречувањe финанисрање на некои од најкрвавите конфликти и граѓански војни во Африка, преку експлоатација и трговија со необработените дијаманти, познати во меѓународната јавност како “конфликтни дијаманти – стои во предлог законот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања