Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
carsija-lugje-guzva-turisti

Земјава се соочува со бран на вирусот посилен од првиот. Нови 135 случаи на заразени од КОВИД 19 регистрираше вчера Министерството за здравство. Здравствениот билтен евидентираше и шест починати лица и 75 оздравени пациенти.

— реклама —

Советникот на регионалниот директор за Европа на СЗО, д-р Фабио Скано вчера изрази загриженост од она што се случува во земјава, но смета дека ситуацијата може да се стави под контрола со масовно тестирање, идентификување на случаите, нивните контакти и нивно изолирање.

– Ова што го гледаме во моментов во Македонија е загрижувачко. Поуката што треба да ја извлечеме е дека до пронаоѓањето на делотворна вакцина, не смееме да се опуштиме, односно да го спуштиме градот. Дејствата што ќе се преземат овие денови, но и во неделите и месеците кои претстојат ќе бидат критично важни со цел да се спречат случаите на новозаразени и да се спасат човечки животи. Оваа моја посета на вашата земја, се случи токму навреме. Она што го гледаме низ светот укажува на заклучокот дека вирусот нема наскоро да си замине. Напротив, тој брзо се шири и коси животи и треба да направиме сè што е потребно да му се спротивставиме на проактивен начин, односно да бидеме пред него, истакна Скано на прес-конференција во Владата.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања