Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Земјава со температури од жолта (алертна) фаза еве ги советите од министертсво за здравство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
zolta-faza

Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во наредните два дена, целата држава ќе биде зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Под влијание на топол бран утре (вторник, 02.07.2019 година) и во среда (03.07.2019 година) максималните температури насекаде ќе бидат над 30, а на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените.

— реклама —

Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.

Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури:

— реклама —

- Заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот

- Носење светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце носете заштитни очила и капа (светлите бои ја рефлектираат светлината)

- Консумирање лесна храна и течности, посебно да се внимава при подготовка и консумирање на храната, како и избегнување термички необработени производи, на пример мајонези од домашни јајца и внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

— реклама —

- Потребно е внесување поголемо количество течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

- При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри.

— реклама —

- Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка.

- На хронично болните лица им се препорачува редовно земање на пропишаната терапија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања