Промени тема
Контакт

Земји кои го бојкотираат Евросонг 2026 и причините за тоа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Магазин
media-libraryjoih5e9946m72odUdEA

Почна 70. издание на Eurovision Song Contest 2026, кое оваа година се одржува во Виена, Австрија, но натпреварот е обележан и со бојкот од неколку европски земји.

Домаќин на музичкиот спектакл е Австрија, а настапите се одржуваат во салата „Винер Штатхале“.

На годинашното издание учествуваат 35 држави, додека Обединетото Кралство, Франција, Германија и Италија имаат директен пласман во финалето како најголеми финансиски поддржувачи на натпреварот.

— реклама —

Сепак, годинава од листата на учесници недостасуваат Исланд, Ирска, Холандија, Словенија и Шпанија, кои решија да го бојкотираат натпреварот.

Причината за бојкотот е протест против израелската воена кампања во Газа и учеството на Израел на Евросонг.

— реклама —

Освен што се повлекоа од натпреварот, Шпанија, Ирска и Словенија одлучија дека нема ни да го пренесуваат Евросонг на националните телевизии.

— реклама —

Од словенечката национална телевизија соопштија дека наместо Евросонг ќе емитуваат филмски циклус со палестински документарни и играни филмови.

Големото финале на Евросонг ќе се одржи на 16 мај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања