Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

Земјоделците за еден месец наточиле гориво за 14,5 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
traktor

За помалку од еден месец земјоделците ги добија „зелените картички“, со што досега е наточено гориво во вредност од 14,5 милиони денари. Ова го изјави денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој беше во посета на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Кавадарци, каде што ги подели картичките за „зелена нафта” на земјоделците од овој регион.

— реклама —
— реклама —

Во Кавадарци вкупно се поделија 5.974 картички за зелена нафта, со вкупен износ од околу 15 милиони денари.

— реклама —

„Овие картички поделени во Кавадарци се еден добар износ на средства кој ќе дојде кај земјоделците, и кога се очекува да почне бербата на грозјето за земјоделската механизација оваа сума ќе биде добредојдена за земјоделците. Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо. Денеска во Кавадарци сме на крајот на процесот на доставување на изработени картички, и тоа се случува за многу краток рок за 20-тина дена. Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картички. Според последните информации од економскиот оператор, за само 20-тина дена веќе се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво“, изјави директорот на Платежната агенција, Бабовски.

Со денешното доделување  картички финишира целиот процес на достава на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација до земјоделците. Од министерството информираат дека иако рокот бил 60 дена, целата процедура се завршила порано за речиси еден месец. Досега се поделени 50.465 картички со вкупна вредност од 128 милиони денари. Во следниот период ќе се доделат и картичките на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.

Мерката за субвенционирана нафта, за првпат се воведува од оваа година со цел да се олесни производството на земјоделците. Оваа мерка се очекува да придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата најави дека ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања