Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Земјоделското земјиште на удар од коруптивниот Закон за Коридорите 8 и 10, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
29102022_Izgradba_zeleznica_Koridor-8_12

До Собранието на Република Македонија за утрешната седница доставен е предлог-закон за дополна на Законот за земјоделско земјиште, со цел "олеснување" на изградбата на контроверзниот Коридор 8 - чиј координатор е Артан Груби, вели Левица

— реклама —

„Со ваквата предлог-измена ќе се одзема земјиште по скратена постапка, дури и таму каде што сопствениците имаат договори со МЗШВ, долгогодишни насади или други инвестици на истото.

— реклама —

Ова фаворизирање и кратење на сите законски постапки и процедури во експропријацијата на земјоделското земјиште е во интерес на странската корпорација ,,Бехтел и Енка", а на штета на домашното население и земјоделското производство.

— реклама —

Потсетуваме дека со коруптивниот Закон за стратешки интерес за изградба на Коридорите 8 и 10, кој се донесе во 2021 година, се овозможи без јавно наддавање изградбата да ја добие корпорацијата ,,Бехтел-Енка", за која веќе има низа корумпирани скандали при изградбата на автопати во Косово, Албанија, Хрватска и Романија.

Најексплицитен е случајот во Хрватска, каде оваа фирма по втор пат се обидела да добие изградба на автопат без тендер, односно со договор во четири очи. Под дипломатски притисок на ЕУ дека ваквиот пристап ќе го загрози евроинтегративниот процес на државата, хрватската влада се откажала од директни преговори.

Ваквото насилничко и незаконско делување на криминогените СДС и ДУИ потврдува дека немаат никаков капацитет да го спроведат евроинтегративниот процес, додека ги рушат сите постулати на владеењето на правото и правниот поредок“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања