Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 19 часот и 29 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 5 km северозапазно од Пехчево односно на 10 километри од село Владимирово.
Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.7, а беше почувствуван од населението во Пехчево, Берово и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, се наведува во соопштението од опсераваторијата.