Пацифичката островска држава Тонга денеска беше погодена од силен земјотрес со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил во отворено море, на длабочина од 218 километри, на околу 273 километри од главниот град Нукуалофа. Потресот бил почувствуван и надвор од границите на земјата.
Засега нема информации за повредени лица или за материјална штета.
Не е издадено предупредување за опасност од цунами.
Според сведоштва на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил почувствуван и во Самоа и Вануату.