Во 12:16 часот, се случи земјотрес со епицентар 7 километри северозападно од Тетово, со јачина од 3.2 степени според Рихтеровата скала. Земјотресот освен во тетовско, бил почувствуван и во Скопје, и во Гостивар.
Изминативе денови регистрирани се повеќе потреси во регионов, а некои од нив се почувстувани и во нашата држава. Вчера, силен земјотрес ја стресе Албанија. Земјотресот беше со јачина од 5.1 според Рихтеровата скала на длабочина од 10км. Силниот земјотрес ги исплаши и жителите на Југозападна Македонија, односно Охрид, Струга, Преспа, Ресен.