Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Жена изгоре во пожар во Прилеп, шест лица се спасени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
pozar

Седумдесет и двегодишна жена загина, а шест лица се спасени во пожар што избувна во семејна куќа во Прилеп. Пожарот се случил изутрината околу 8 часот и избил во приземјето на семејната куќа на Спиркоски на улицата „Никшиќка“ број 10, објави МИА.

Според Методија Николоски од прилепската противпожарна единица, повикот во единицата бил во 8: 37 часот и со брза интервенција успеале да ги извлечат шест лица од огнената стихија.

— реклама —

Во приземјето каде што избувнал пожарот, од засега непознати причини, живеела 72-годишната Олга Спиркоска. На катовите живееле двата сина на починатата со своите семејства. На првиот кат бил еден од нејзините синови со двете ќерки, а на вториот кат биле мајката и ќерката.

— реклама —

Опожарената куќа и семејствата ги посети прилепскиот градоначалник Илија Јованоски изразувајќи сочувство и најави материјална помош за семејствата.

Ќе се истражуваат шричините за пожарот во семејната куќа во Прилеп.

— реклама —

извор; МИА

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања