На 12.08.2022 во 18.00 часот во Полициска станица Драчево, А.Ѓ.(58) од с.Зелениково, скопско, пријавила дека од домот во с.Зелениково се оддалечил нејзиниот сопруг В.Ѓ.(60) од истото село. Според пријавеното, тој би можел да се наоѓа на Зелено пазарче или во населба Аеродром во Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.