Промени тема
Контакт

Жена остана инвалид оти настаните на 27ми април во Собрание го затворија Клинички

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
45347973_736661836669265_8660164157762437120_n

Ирена Танчева од Ново Село останува инвалид неподвижна со две деца, едното во бременост го губи , поради собраќајка во која таа и децата се жртви во момент кога ги носи во градинка, но и поради затворени операциони сали вечерта на 27 април лани кога се случи големиот инцидент во Собранието на Република Македонија. За нејзината приказна и секојдневие веќе dosie.mk пишуваше но и социјалните медиуми ја пренесоа нејзината судбина да биде жртва на несовесен возач кој со автомобил ги удира неа и децата.

Но еден скандалозен детал открива и друга страна на вистината.

Поради тешката состојба Ирена во коматозна состојаба со итна медицинска помош ја испраќаат на Клиниките во Скопје . Таа има скршени вратни пршлени.  Но вратите на операционите сали се затворени и вечерта никој не се примал заради случувањата во Собрание и се давал приоритет само на претениците во случај да има тешко повредени.

Ирена е оперирана дури утредента. Поминува 21 ден во кома, 3 месеци во болница во Скопје два месеци во болница во Охрид. Денес е неподвижна и закована за кревет. Докторите и рекле дека ако била оперирана веднаш кога е донесена сега ќе беше на нозе. Бидејќи се чекало толку долго време за операција заради крварењето кое било во главата дошло до тешки последици.

Таа има 25 години е закована за кревет. Наместо таа да ги рани малите дечиња , тие ја ранат неа. Едното има 4 другото има шест години. Бидејќи некој мора да се грижи за неа сега е префлрена во домот на нејзините родители, но поради долгото користење катетер сега има нов проблем, а тоа е камења во бешика  и ќе мора да се оперира во Скопје.

— реклама —

Ирена постојано е на својот ФБ профил. Тоа и е контактот со светот, но и со хуманите луѓе кои ги моли за помош. Мора да оди на операција во Русија но пари нема. Моли да и се помогне. Остана инвалид во сообраќајка, пратениците имаа предност во опериационата сала, сега е оставена сама со децата, но нејзината храброст е поголема од се и е решена да издржи до крај се заради децата.

За помош на Ирена отворени се телефони и сметки

telekom 070143115

vip/one 143500

devizna smetka Irena Tanceva IBAN:MK07-320540027415089

— реклама —

SWIFT CODE: CECBMK22 CENTRAL COOPERATIVE BANK AD SKOPJE

ziro smetka 320500027414994 Irena Tanceva

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања