Жена е прегазена на „Пластичарска“, па со тешки повреди е однесена во болница. Нејзината здравствена состојба не е позната. Полицијата извршила увид.
„На 09.12.2023 во 19.45 часот било пријавено дека во Скопје, на бул.„Никола Карев“, патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(34) од с.Студеничани, удрило во пешакот В.Б.(61) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила В.Б., констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски““, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.