Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

„Жената не ја губи својата вредност затоа што се наоѓа зад ѕидови“, претседателката на Кривичниот суд ги посети жените во притвор во Затворот Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarynapcr5bevmvd8T0fU2k

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

В.Д. Претседателката на судот, Даниела Димовска, денес го посети притворското одделение кое се наоѓа во рамките на Затворот Скопје, а во кое во моментот се сместени 12 жени за кои кривичната постапка е во тек и сеуште не е донесена правосилна судска одлука.

Оваа посета не беше само институционална должност, туку човечки чин и порака дека ниту една жена, без оглед на околностите, не смее да биде лишена од своето достоинство, од правото на фер постапка и од основното начелно - презумпцијата на невиност. За време на посетата посебен акцент беше ставен на потребата од родовосензитивен пристап во притворските услови, како и на обезбедување психолошка поддршка за жени кои често се соочуваат со дополнителни социјални и економски ранливости.

— реклама —

Жената не ја губи својата вредност затоа што се наоѓа зад ѕидови, таа останува мајка, ќерка, сестра, личност со право на почит и праведност“, истакна Претседателката.

Таа покрај разговорите со притворените жени, оствари разговори и директорот на управата, г-динот Утковски и заеднички се договорија да се иницираат дополнителни разговори со надлежните институции за унапредување на условите и за јакнење на механизмите за заштита на правата на жените во притворското одделение.

— реклама —

По повод денот на жената – 8-ми Март, претседателката на судот Даниела Димовска и директорот на КПУ Затвор Скопје -Бобан Утковски упатија честитка до жените сместени во притворското одделение, посакувајќи им сила, достоинство и надеж, нагласувајќи дека почитта кон жената треба да постои без оглед на околностите во кои се наоѓа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd7m8obnhihku5dhVrDD

Филков најави вонреден надзор во затворите: Недозволиво е да се тврди дека не може да се гарантира безбедност на притворено лице

Македонија | пред 2 месеци

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања