Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Жената што ја усмрти багерист била познат археолог

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
20230703110045

Ленче Јованова, жената која возач од Грчец ја усмрти со багер на улицата Јордан Мијалков во центарот на Скопје, била познат археолог, од која вчера се прости Македонското археолошко друштво со соопштение.

Од таму соопштија дека колегите ќе ја паметат по нејзината работа на римската материјална култура, како врвен професионалец кој посветено ја промовирал македонската култура во светот и потсетуваат дека погребот е закажан за денеска.

— реклама —

„Со големо неверување ја примивме веста дека нашата колешка Ленче Јованова во текот на вчерашниот ден во немил настан на 66 годишна возраст го загуби својот живот.

Ленче Јованова беше долгогодишен член на Македонското археолошко друштво и кустос советник во Музеј на град Скопје. Таа остави длабок и неизбришлив траг во македонската археологија истражувајќи ги културните хоризонти на античкиот град Скупи. Нејзиниот интерес беше насочен кон проучување на римската материјална култура.

— реклама —

Автор е на бројни изложби, каталози, статии, студии, а особено се значајни монографиските изданија Скупи – Colonia Flavia Scupinorum; Скупи – некрополи : стории за истакнати личности според епиграфски и археолошки сведоштва; Скупи: сектор југоисточен бедем и комплекс терма – базилика со атриум.

— реклама —

Ленче Јованова засекогаш ќе остане во нашите сеќавања како врвен и искусен професионалец кој со огромна посветеност го промовираше македонското културно наследство во земјава и светот“, гласи последниот поздрав од Македонското археолошко друштво.

Инаку на багеристот одземени му се пасошот и возачката дозвола. Тој има забрана за напуштање на живеалиштето и има обврска повремено да се јавува кај службено лице или кај надлежен државен орган. Ова се мерките кои Кривичниот суд му ги определи на осомничениот, а на барање на Скопското обвинителство.

— реклама —

Несреќата предизвикана од багеристот се случи во петокот претпладне, додека Јованова минувала на пешачки премин на фреквентна локација и во близина на неколку градилишта. Според официјалното полициско соопштение, багерот удрил во жената, а итната медицинска помош пристигнала веднаш, но само за да констатираат смрт.

/desktop" rel="attachment wp-att-226571">

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања