Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Жерновски на 25-от Министерски совет на ОБСЕ во Милано

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
920541_573957962634478_1877160628_o

Делегација на Република Македонија, предводена од заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе учествува на 25-от Министерски совет на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), кој ќе се одржи на 6 и 7 декември 2018 година во Милано, Италија. Најавено е присуство на високи претставници на 57-те земји учеснички на ОБСЕ и партнери на организацијата, меѓу кои и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.

— реклама —
— реклама —

„На Министерскиот совет ќе бидат разменети мислења за работата и активностите на Организацијата во изминатиот едногодишен период, во рамките на Италијанското претседавање со ОБСЕ. Воедно, се очекува да се усвојат и поголем број на одлуки и декларации кои се однесуваат на делувањето во трите димензии на Организацијата: политичко - воената, економско - еколошката и хуманата димензија.

— реклама —

ЗМНР Жерновски ќе има свое обраќање на Министерскиот совет, на кој ќе ги претстави ставовите на Република Македонија. Воедно, на маргините на советот, тој ќе оствари и одвоени состаноци со претставници на институциите на ОБСЕ, како и билатерални средби со шефови на делегации на земјите учеснички на Организацијата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања