Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Жерновски на 40. сесија на Советот за човекови права на ОН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
920541_573957962634478_1877160628_o

Заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, ќе ја предводи Делегацијата на Република Македонија, која во периодот од 25 до 27 февруари ќе престојува во Женева, со цел учество на сегментот на високо ниво на 40-та сесија на Советот за човекови права на ОН.

Од вкупниот број земји членки  на ОН, најавено е учество на околу 90 министри за надворешни работи кои во наредните денови ќе дикустираат за состојбата со човековите права во светот.

— реклама —

За време на Советот за човекови права во Женева, Заменик министерот Жерновски ќе се сретне со Генералниот секретар на  ОН, Антонио Гутереш. Средбата се случува по стапувањето на сила на Преспанскиот договор,  и само неколку дена откако Скопје и Атина го известија Генералниот секретар Гутереш за  промената на уставното име на државата.

На маргините на сесијата, планирано е да се остварат низа други билатерални средби на кои ќе се разговара за внатрешно-политичките состојби во земјата, можностите за продлабочување на билатералните односи и за многу други светски предизвици.

— реклама —

ЗМНР Жерновски ќе има и обраќање пред високите претставници од ОН и земјите членки, а фокусот се очекува да биде ставен на актуелните безбедносни проблеми и нивното влијание врз човековите права, улогата на телата на ОН за подобрување на состојбите со човековите права,  како и на постигнувањата и приоритетите на државата во оваа сфера.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања