Промени тема
За нас
Ударно
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Жерновски за Мицкоски: Не дозволувајте повеќе овој човек да ве лаже и понатаму

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 часа -

Македонија
media-libraryp1e865e0rq7b5SzO9Uk

Андреј Жерновски (СДСМ) тврди дека Христијан Мицкоски користи „вистинска вистина“ за да прикрие лаги и наведува повеќе примери: најавена оставка по пораз во 2019 која не ја поднел, ветувања за промена на Преспанскиот договор и враќање на старото име, како и најави за оставка по врски со обезбедувањето на „Пулс“ во Кочани. Тој обвинува дека Мицкоски создава конфликти со соседите и го блокира европскиот пат, дека ветувал правда а штити функционери, и дека лажел за улогата на амбасадорот во именување почесен конзул, поврзувајќи го со Душан Адамовиќ. Жерновски додава дека дел од медиумите се под влијание на мрежата на Орбан.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Христијан Мицкоски лаже. Од сите премиери во светот, од сите премиери во Европа има само еден, и тоа е на овој брдовитиот Балкан, поточно во Македонија, којшто употребува термин којшто досега не е познат во политиката. Тоа е терминот „вистинска вистина“. Сте го слушнале. Но кој човек зборува за вистинска вистина? Оној што има друга вистина. Тоа е лажна вистина, вели Андреј Жерновски – член на Извршниот одбор на СДСМ.

— реклама —

„Токму тоа е тема на денешната прес-конференција. Тоа е лажната вистина на Христијан Мицкоски.

Ајде да видиме дали СДСМ лаже кога вели дека Мицкоски лаже.

— реклама —

Со лага дојде на власт. Во октомври 2019 година изјави дека „ ако ги изгубам  парламентарните избори ќе си дадам оставка’. Ги изгуби парламентарните избори, не си даде оставка. Излажа.

Дојде на власт со лага. Кажа, вети на граѓаните, на гласачите дека кога ќе дојде на власт ќе го промени Преспанскиот договор, ќе го промени уставното име, ќе го врати старото име. Повторно излажа, но не им кажа на гласачите, не им кажа на граѓаните дека тоа значи ќе бидеме ФИРОМ, дека ќе бидеме БЈРМ.

Не им кажа дека треба да го напуштиме НАТО и дека нема да бидеме безбедни.

Сега измислува повторно конфликти со соседите, сè со цел да ја држи земјата изолирана и се разбира, Македонија за жал да има блокиран европски пат.

Да потсетиме уште нешто. Рече дека доколку се открие поврзаност помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и него и агенцијата за обезбедување од дискотеката „Пулс“ во Кочани, дека ќе си даде оставка.

Повторно излажа. Потоа велеше, како советник на Никола Груевски, дека работи про боно. Се сеќавате? Повторно излажа.

Значи може да констатираме што прави Мицкоски кога ќе го фатите во лага. Одговара со нова лага. Ветуваше одговорност, ветуваше правда. Сега го штити Тошковски.

Меѓутоа криминалците останаа во власта, во врвот на власта, одговорност нема, а правдата е погребана.

Одиме понатаму. Пред неколку дена во македонското Собрание, на прашање на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, за негова поврзаност со Душан Адамовиќ, рече дека зад неговата поставеност како конзул на Србија стои, цитирам, македонскиот амбасадор. Повторна лага.

Бидејќи почесен конзул, кај нас, се носи со одлука на Влада, на седница на Влада, на предлог на Влада, како и амбасадор. Повторно излажа. Ајде да видиме кој стои зад назначувањето, всушност, на Адамовиќ.

Оваа слика позади мене објаснува сè. Погледнете кои се на сликата. Се разбира Христијан Мицкоски, понатаму Душан Адамовиќ и претседателот на СНС, сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ, Милош Вучевиќ.

Адамовиќ, значи, е негов пријател и бизнис партнер. Рековме неколку пати – човек со криминално досие, висок функционер на СНС, кој се поврзува со петте тони дрога запленета врз основа на информација од ДЕА. Сè е лага. Сите настапи, целата политика на Мицкоски всушност е лага. Граѓаните веќе знаат дека неговите зборови ништо не значат.

Она што мораме на крај да го констатираме е следното. А и вие сте тука како претставници на медиумите. 40% од медиумите се под контрола на мрежата на Орбан и тоа е начинот на којшто таа шарена лага успева да допре до граѓаните и ние ќе се бориме против тоа.

Почитувани граѓани, владејачката партија лаже. Мицкоски не само што лаже, Мицкоски многу лаже. Не дозволувајте повеќе овој човек да ве лаже и понатаму, вели Жерновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања