Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Жесток судир на СДСМ и Стоилковиќ: „Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
media-librarye80rui390l4d3MLykPS

СДСМ јавно го обвини вицепремиерот во Владата предводена од Христијан Мицкоски, Иван Стоилковиќ, дека има блиски врски со Српската напредна странка и со руската националистичка група „Ноќни волци“, откако тој присуствувал на настан во Република Српска. Од опозициската партија тврдат дека ваквото присуство не е случајно и дека, според нив, претставува доказ за политичка и идеолошка поврзаност меѓу ВМРО-ДПМНЕ, СНС и структури блиски до Кремљ.

— реклама —

СДСМ реагира дека Стоилковиќ јавно се пофалил со своето присуство на настаните во Бања Лука, наведувајќи дека на нив бил присутен почесто дури и од српскиот министер за култура Никола Селаковиќ, кој во Србија се соочува со обвиненија поврзани со аферата за Генералштабот и за кого е закажано судско рочиште. Во партиското соопштение се прави и паралела со најавеното повлекување на фирмата поврзана со Џаред Кушнер од проект во Белград, што, според СДСМ, е резултат на корупција и криминал.

Опозицијата дополнително прашува дали Стоилковиќ дејствува како неформален офицер за врски меѓу владата на Мицкоски, српските власти и руските интереси, и дали, како што наведуваат, антиeвропската реторика и политиките на актуелната влада се дел од поширок план за изолација и продолжување на сомнителни тендерски практики.

— реклама —

На овие обвинувања остро возврати самиот Иван Стоилковиќ, кој ги отфрли како неосновани и навредливи. Во јавна реакција, тој истакна дека присуството на одбележувањето на Денот на Република Српска во Бања Лука е практика што ја следи со години и дека тоа никогаш не било на штета на интересите на македонската држава и народ. Стоилковиќ нагласи дека, напротив, секогаш се водел од обврската да ги штити државните и националните интереси, без оглед на политичките напади.

— реклама —

Тој наведе дека на истиот настан присуствувале и меѓународно познати личности, меѓу кои и Род Благојевиќ, поранешен американски гувернер и соработник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, како и универзитетски професори и геополитички аналитичари. Според Стоилковиќ, контактите остварени на вакви собири имаат конкретни и долгорочни придобивки за Македонија, и видливи и невидливи.

Во својот одговор, вицепремиерот употреби исклучително остра реторика кон СДСМ, оценувајќи дека нападите се мотивирани од политичка немоќ и обид за привлекување внимание, додавајќи дека, како што рече, „туѓиот срам“ е посилен од секоја партиска конструкција.

„Ја разбирам потребата на лузерите малку да се стоплат на моето родољубие, напаѓајќи го мојот народ и мене без причина, не го разбирам безбожништвото со кое го прават тоа. Но, веројатно е така кога Сонцето го гледате од Пеколот во кој самите сте се вовлекле и каде што не ви преостанува ништо друго освен да истурате салви гнасотии врз подобрите од себе и врз оние помили на народот. А што се однесува до придобивките од мојата посета на Бања Лука, цела Македонија има корист што видлива што невидлива од овие контакти вклучително и вие, кутри, мизерни , “Сироти мали (профитерски) хрчки”“, напиша Стоилковиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynjuh72b6minu5nPsq72

Следуваат нови поскапувања, а Мицкоски ги одбива мерките за повисоки плати, тврди СДСМ

Македонија | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryrtoi1ff273luc32mRhI

(Видео) „Стив Наумов“ прокиснува по реконструкцијата од 10 милиони евра, тврди СДММ

Македонија | пред 1 ден

media-library43a3fp3nvvsc29P6LA4

СДСМ: Скопје без сигурен превоз, Ѓорѓиевски со дрон и билборд, автобуси од Орбан и ѓубре од Куманово

Македонија | пред 4 дена

media-libraryul04tfl69ikbbvFQzUN

СДСМ: Мицкоски крати пари за здравството додека не работат апарати, нема лекови и терапија – хаосот продолжува

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања