Промени тема
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Жестоки борби меѓу Курдите и ИСИС во Сирија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Свет
uploads_thumbs_resize_800x420_365773

Жестоки борби водат арапско-курдската коалицја која е поддржана од Вашингтон и екстремистите на исламската држава.

— реклама —

Сириските демократски сили (SDF) синоќа ја започнаа конечната офанзива за елиминирање на последните упоришта под контрола на екстремистите во источната сириска провинција Деир ез Зур. Станува збор за сектор од околу четири квадратни километри во близина на ирачката граница.

Сириската опсерваторија за човекови права јавува дека од изутрината се водат силни борби, со воздушни и артилериски удари од меѓународната коалиција предводена од САД.

— реклама —

„Борбата е во тек. Имаше жестоки судири изутринава, со експлозии на мини“ – изјави директорот на Оперваторијата Рами Абдел Рахман.

Меѓу 500 и 600 терористи се наоѓаат во последните џебови под контрола на Исламска држава, изјавил портпаролот на демократските сили, Мустафа Бали.

Тој синоќа изјавил дека пред започнувањето на офанзивата повеќе од 20.000 цивили биле евакуирани од таа област.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања